Сме слушнале и безброј пати изговориле – „не можам да го замислам денот без домашно кафе“. Од секоја шолја кафе очекуваме и бараме да има мирис и вкус на кои сме навикнати, јачина која понекогаш очајно ни треба и квалитет што ни овозможува врвно уживање.
Да, тоа е таа шолја кафе што нè буди наутро, ни дава енергија со првата голтка, ни ги полни акумулаторите за нов работен ден и ни обезбедува вистинско попладневно уживање.
Во секоја покана за кафе се крие желба за разговор, за контакт со другите луѓе. Тоа е покана за пауза со колегите или повик за дружење со пријателите. Секоја испиена шолја кафе со блиските луѓе ни носи моменти на релаксација, забава и уживање.
Сето ова е само дел од она што го очекуваме од нашиот омилен пијалок. Кога ќе ги изоставиме сите лични чувства и очекувања што се неизбежни кога станува збор за кафето, дали некогаш сте се запрашале што се’ е потребно за токму во нашата шолја да се најде совршената комбинација на вкусови? Таа зависи од квалитетот на зрното, степенот на пржење, аромата и вештината на мајсторот што го подготвува, како и од пакувањето во кое се наоѓа пред да го припремиме во ѓезвето и да го сипеме во нашата омилена шолја.
Квалитетно кафе е она во чие пакување се кријат исклучиво само зрна кафе, без разни адитиви. А самото зрно кафе за производство пристигнува од далечните плантажи во Бразил, Индија, Виетнам и Уганда, каде се бере кога ќе ја постигне својата целосна зрелост, односно кога ќе добие темноцрвена боја. Тајната на доброто кафе, велат експертите, многу зависи од тоа колку внимателно се бере. А најдобар квалитет се постигнува со рачно берење. Тука секако не е крајот! Кога совршеното зрно кафе ќе пристигне до местото за производство, време е мајсторот за пржење да ги покаже на дело своите способности. Печењето е процес во кој некои ароми се губат, додека други се ослободуваат, а до мајсторот е да процени кога свежо меленото кафе ќе го добие својот препознатлив мирис и вкус. Дали знаете дека во еден момент од пржењето на кафето поради топлината се ослободуваат дури 800 различни ароми, а секоја од нив придонесува кон мирисот и вкусот на домашното кафе?
За крајниот вкус на вистинско домашно кафе, во споредба со сите други видови, од најголема важност е кафето да биде ситно мелено.Постојат два методи на мелење на зрното кафе: стандардно, или ладно мелење и мелење на камен. Мелењето на камен е посебно „ремек-дело“ бидејќи поради големиот број на вртења меѓу двата камења, се развива висока температура која мора строго да се контролира.
За крај, но не и најмалку важно, е начинот на кој се чува аромата, односно квалитетот на самото пакување. Квалитетното пакување е клучен заштитник на вашиот омилен пијалок од неговите главни „непријатели“: кислород и влага.
Кога ги презентираме сите фактори кои влијаат на усовршувањето на вкусот на нашето омилено домашно кафе, заклучуваме дека само одредени производители можат да ги исполнат нашите големи очекувања. Емотивната вредност што една шолја кафе ја има за секој од нас е надополнета и со вистинскиот избор.
Кога станува збор за омилениот пијалок како што е свежо меленото кафе, ние веруваме дека не прифаќате компромиси со квалитетот и неодоливиот мирис и вкус што ни ги овозможува токму нашето омилено Grand кафе!
Комерцијален текст