Тековната здравствена состојба предизвикана од пандемијата на корона вирусот нè насочи кон нашата исконска поврзаност со природата и ги актуализираше проблемите во врска со животната средина и зачувувањето на екосистемите. Враќајќи се на сопствените приоритети и здравје, започнавме да размислуваме што јадеме и како живееме, но и какви последици предизвикуваме за нашето опкружување.
Во истражувањето спроведено во 2019 од ЕФСА (Европската агенција за безбедност на храната), во кое беа вклучени земјите од регионот, јасно се гледа дека луѓето обрнуваат повеќе внимание од кога било на заштита на животната средина, здравјето, социјалните и етичките проблеми и бараат вредност во свежата, помалку преработена храна од одржливи извори, добро ја познаваат темата за безбедност на храната и се загрижени за употребата на антибиотици, хормони, стероиди, пестициди и адитиви во храната. Со други зборови, органската храна зазема сѐ поголема улога во нашите животи, а ние тоа го поздравуваме. Еве и зошто.
Кои се бенефитите од органската храна?
Придобивките од органската храна се рефлектираат во примена на природни методи и состојки, ограничување или целосно елиминирање на употребата на хемиски синтетизирани агенси, минерални ѓубрива, како и забрана за употреба на генетски модифицирани организми и состојки од вакво потекло.
Управувањето со производствените процеси во органското производство подразбира проценка на ризик и примена на соодветни превентивни мерки и принципи на одржување и подобрување на животот во почвата, односно биодиверзитетот и неговата природна плодност. Потоа, хранење на растенијата пред сѐ преку екосистемот на почвата, како и прилагодување на методите за органско производство на регионалните и локалните климатски и агроеколошки услови, санитарната состојба, нивото наразвој и спецификите на традиционалниот начин на одгледување се дополнителни придобивки со кои се соочуваме при употребата на органска храна.
Поради овие методи на производство, органската храна не содржи конзерванси, вештачки бои, ароми и се состои од повеќе витамини, минерали, калциум, магнезиум, железо, омега-3 масни киселини во споредба со конвенционално произведената храна.
Каде може да купите сертифицирана органска храна?
Сопствена трговска марка со најголем асортиман на органски производи во земјава е dmBio, која можете да ја најдете во сите дрогерии на dm. Со речиси 300 производи од органско потекло, dmBio Ви овозможува да го збогатите секој оброк со неверојатни природни вкусови, без разлика дали се работи за житарки, јаткасти плодови, тестенини или готови оброци. Доколку мислите дека сега е правото време за стекнување на поздрави навики, вистинско време е да ги пробате производите од асортиманот на dmBio.
Информирајте се тука!
Како да препознаете органски производ?
Една од најчестите заблуди за оваа храна е да се поистовети домашната храна со органската храна. Имено, овие два поима не се синоними - еден производ може да биде од домашно потекло, но тоа не значи дека е создаден во согласност со принципите на органско производство. Исто така, на полиците честопати гледаме производи што содржат етикети како „био“, „еко“, „органски“, „природен“ и кои со својот опис треба да наведат такво потекло и својства. Секое пласирање на пазарот на производи со такви ознаки, во случај да не се произведуваат на тој начин, подлежи на законски и казнени одредби.
Органските производи можат да се нарекуваат и како такви да се обележат, само производи што се произведуваат, контролираат во сите фази на производство и сертифицираат во согласност со сите методи на органско производство и прописите што ги регулираат.
Органските производи кои може да се најдат на нашите полици и се произведени во согласност со строгите регулативи на Европската унија, се означени со официјалната ознака за органско производство на Европската унија, во форма на зелен правоаголник со бели ѕвезди во форма на лист.На одредени органски производи, конкретно на оние кои потекнуваат од Германија, може да се најде и германската ознака за органски производ, која е во форма на бел шестоаголник со зелени рабови, во кој пишува „BIO nach EG-Öko-Verordnung“ што во превод значи: „БИО – по ЕКО одредбите на Европската Унија“. Оваа ознака, исто така, гарантира органски производ.
dmBio – органски квалитет по супер цени!
Со повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна, од кои повеќе од 300 ѝ припаѓаат на сопствена марка - dmBio, дрогериите на dm нудат најширока понуда во сегментот на органска исхрана во земјава. Висококвалитетните производи, кои патем се изработени без употреба на вештачки ароми, бои и конзерванси, изобилуваат со широк спектар на вкусови, кои се автентични, благодарение токму на органското и контролирано производството.
Комерцијален текст