Почетна » Новости » Промо » Како подобро да ја разберете болката?

Како подобро да ја разберете болката?

Болката може да се дефинира како непријатно чувство поврзано со оштетување на ткивата, иако не се јавува секогаш од таа причина.

Болката е многу сложен феномен предизвикан од различни фактори - како ја доживуваме болката зависи од нашата околина и емоционалната состојба. Луѓето најчесто ја доживуваат болката како нешто непријатно и нешто кое тешко се дефинира. Поради болка се чувствуваме лошо, земаме лекови, посетуваме лекар, одиме на терапија или во краен случај на операција. Повеќето луѓе ќе се согласат дека животот без болка би бил многу подобар.

Зошто болката е позитивна?

Човештвото се бори со болката уште од многу одамна. Зошто постои болка? Зошто чувствуваме болка?

Болката не е нужно негативна, бидејќи вообичаено таа е прв знак или предупредување дека нешто не е во ред со нашето тело. Хомер рекол: „Болката е куче-чувар на нашето здравје". Чувството на болка во одреден дел од нашето тело нè тера да ја најдеме причината, со што би спречиле понатамошно оштетување.

Дополнително, болката има и биолошки аспект бидејќи нè штити од штетни надворешни дразби и предупредува дека нешто погрешно се случува во телото. Би било катастрофално доколку ги ставиме рацете на топол предмет и не почувствуваме болка, тоа би довело до сериозни повреди. Болката исто така е оосбено корисен предупредувачки знак во случај на срцев удар или чир - благодарение на болката можеме да дејствуваме навреме.

Какви видови на болка постојат?

Налгесин С

Најчесто употребуван критериум за разликување на болката е нејзиното времетраење.

Акутната болка е краткотрајна и обично исчезнува на крајот на болниот стимулус или откако ќе се излечи повредата или воспалението. Има брз почеток и трае од неколку дена до неколку недели. Често е пропратена со забрзано чукање на срцето, зголемен крвен притисок и потење. Може да се опише точната локација каде ја чувствуваме и да го одредиме типот на болката.

Хроничната болка трае повеќе од 3 месеци. Често води кон физички и психосоцијални проблеми (немир, депресија, анксиозност), што дополнително го нарушува квалитетот на живот. Од таа причина, најважно е акутната болка навреме да се лекува, бидејќи така се спречува таа да премине во хронична болка.

Често, болката ја разликуваме и по нејзината тежина и тоа:

  • блага
  • умерена и
  • тешка болка.

Кога треба да се ослободите од болката?

Некои видови на болка претставуваат сериозен ризик, така што треба веднаш да се советувате со лекар. За минливи болки, на пр. мигрена или главоболка по напорен состанок, препорачливо е да земете некој лек против болка. Во спротивно, ќе ви биде тешко да се справите со секојдневните задачи, ќе бидете помалку ефикасни, раздразливи и нефокусирани.

Често не можеме да ја отстраниме причината за болка, но треба да се ослободиме од болката пред таа да стане хронична.

За кои типови на болка се препорачува самолекување?

При блага до умерена акутна болка можете да земете лек против болка (аналгетици, нестероидни анти-инфламаторни лекови) кој се издава без лекарски рецепт. Најчести типови на болка поради кои е потребно да одите во аптека се главоболка, забоболка, менструална болка, болка во грбот и болка во мускулите и зглобовите.

Налгесин С. Брзо се справува со болката.

Од суштинско значење е да почнете болката да ја лекувате НАВРЕМЕ. Налгесин С е брзо решение кое ослободува различни типови болка, вклучувајќи главоболка, забоболка, менструална болка и болка во зглобовите и мускулите.

Налгесин С

Зошто да одберете Налгесин С?

Налгесин С е лек против болка кој има повеќе придобивки.

Налгесин С
  • БРЗО ДЕЈСТВО
    Налгесин С содржи напроксен во форма на натриумова сол, кој брзо се раствора и брзо ја намалува болката, по само 15 минути
  • ДОЛГОТРАЈНО ДЕЈСТВО
    Напроксен има долг полу-живот кој овозможува долготрајно дејство, од 8 до 12 часа, едноставна употреба и помал број на таблети во денот.
  • ПРОТИВВОСПАЛИТЕЛНО ДЕЈСТВО
    Напроксен е нестероиден анти-инфламаторен лек (НСАИЛ), кој ја спречува синтезата на простагландини, кои се одговорни за настанувањето на болка и воспаление.
    Повеќе информации за Налгесин С можете да најдете на https://www.nalgesin.com/mk/

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19706 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.