Промените на годишните времиња влијаат на вашите усни така што го сушат нивниот надворешен слој, а тоа предизвикува распукување и оштетување на кожата на усните. На лето силното сонце, а во зима студениот ветар предизвикуваат оштетување и распукување на усните, па токму поради тоа ви е потребна заштитна обвивка за да ги зачувате вашите усни убави и здрави.
Eucerin Aquaphor SOS Lip Repair ќе ви помогне да ги заштитите усните од распукување, ќе ја поттикне регенерацијата на надворешниот слој и ќе ги одржува меки и нежни со единствената формула збогатена со глицерин, витамини Ц и Е. По само 60 секунди од првото нанесување, Eucerin Aquaphor SOS Lip Repair ќе почне да делува на кожата на вашите усни, правејќи ја мека, нежна и заштитувајќи ја од надворешни иритации.
Клинички и дерматолошки докажаната успешност на овој производ го прави безбеден за употреба за сите возрасти и сите типови на усни, дури и оние најчувствителните. Во истражување спроведено на жени помеѓу 25 и 75 години, кои редовно го користат Eucerin Aquaphor SOS Lip Repair, дури 96% од нив рекоа дека овој производ веднаш по употребата ги смирува нивните распукани и оштетени усни, додека 87% истакнаа дека тој им остава пријатно чувство на кожата со секое нанесување.
Eucerin Aquaphor SOS Lip Repair доаѓа во модерно, мало и суптилно пакување од 10мл, кое на самиот врв има апликатор за да ви помогне полесно и попрецизно да ја нанесете неговата содржина. Подеднакво лесно, производот можете да го нанесете и со помош на прстот, размачкувајќи го преку кожата на усните.
Кога усните ќе испратат СОС сигнал, напомош доаѓа Eucerin Aquaphor SOS Lip Repair!
Комерцијален текст