Одржувањето соодветно ниво на хидратација на организмот е значајно во секој дел од животот, но е од екстремна важност за време на бременоста. Како резултат на редовното внесување течности, пред сѐ вода, мозокот, бубрезите и органите за варење може беспрекорно да ги извршуваат своите функции. Флашираната вода е практично решение за многумина, но сѐ повеќе луѓе се свесни дека нејзиното користење креира огромни количества отпад и затоа избираат да пијат вода од чешма.
Во најголем дел од случаите, јавно достапната вода во домовите е безбедна за пиење и државните институции тоа го потврдуваат со редовни контроли. Сепак, доколку сакате да бидете екстра внимателни во текот на бременоста, најпрво треба да се биде свесен дека кога количествата хлор во водата се зголемени над дозволеното, тоа може да влијае врз развојот на плодот. Штетно влијание може да има и од манган и железо, кои се елементи што оставаат црвеникаво-кафени траги во мијалникот. Со подолга изложеност на нив, исто така, се зголемува ризикот од проблеми во бременоста.
Несомнено, сето ова не значи дека не треба да се пие вода во деветте месеци кога се носи плодот, меѓутоа, со дополнителна внимателност, ризиците значително би се намалиле. Филтрирањето на водата од чешма е едноставно, практично, но и здраво решение. Изборот на пречистувачи на вода секојдневно се зголемува, но Aquaporin е дански бренд којшто со својата иновативност и уникатна технологија отскокнува од конкуренцијата. Со нивните модели филтрацијата се врши брзо и лесно, со што се добива вода чијшто квалитет е неспоредливо подобар од стандардната. Избирајќи пречистувач, исто така, целосно ја отстранува потребата од пластични шишиња.
Технологијата на Aquaporin е дизајнирана на начин што овозможува пресликување на пречистувачките процеси од природата во најпрактични домашни решенија. Филтрите на моделите на овој дански бренд отстрануваат хлор, бигор, пестициди, вируси и бактерии, со што од чешмата истекува темелно чиста и безбедна вода. Принципите на Aquaporin се нагласено еколошки, што значи за кусо време може да се исфилтрира поголемо количество течност, а тоа гарантира помал степен на отпадна вода и секако, се рефлектира со пониски трошоци.
На македонскиот пазар, уникатната технологија на Aquaporin е претставена со моделите ZERO и ONE. Се работи за лесно монтажни уреди кои што можат да се сместат во секоја кујна или под каков било мијалник, додека нивниот дизајн отскокнува со модерноста и елеганцијата. ZERO функционира без да користи електрична енергија, а ONE обезбедува висок, континуиран проток на пречистена вода дури и на места со низок притисок на водата.
Пречистувачите на Aqauporin, кои што се користат и во вселенските летала на НАСА, во земјава можат да се набават преку официјалниот застапник, „Ецотип“. Тие се изложени во модерната концепт-продавница на компанијата на ул. „Орце Николов“ бр. 202/3-1 во Скопје, а подетални информации можат да се обезбедат на овој линк.
Комерцијален текст