Имунитет претставува многу сложен и комлексен систем што го поседува секој организам, а кој е одговорен за одбрана и заштита на тој организам од различни живи или неживи агенси кои што делуваат од надвор или од внатре во самиот организам. Кога се зборува за одбрана на детскиот организам, пред се`, се мисли на одбрана од агресивните микроорганизми (бактерии, вируси и габички) и нивните токсини и хемиски продукти, за коишто сеуште нема создадено соодветен зрел имун одговор. Но, треба да се знае дека клетките од имуниот систем освен што го штитат организмот од болести, тие ги распознаваат и уништуваат сите отпадни продукти, ги чистат оштетените ткива, ги уништуваат сите создадени клетки кои се афункционални, видоизменети, малигни или изумрени со програмирана клеточна смрт.
90% од респираторни инфекции во детската возраст се вирусни, што значи дека давањето на антибиотици нема ефект. Па сепак, грото од децата добиваат антибиотици. Незрелиот имун систем, повторувачките инфекции кои сами по себе се исцрпувачки и честото и долготрајно давање на антибиотска терапија придонесува за појава на секундарен имунодефицит во детската возраст.
KinderImmun Dr. Wolz е активен имунокомплекс, специјално дизајниран за деца. Содржи повеќе корисни природни супстанции, посебно избалансирани и комбинирани на специјален начин, кои овозможуваат активна и пасивна поддршка на детскиот имуниот систем. KinderImmun Dr. Wolz прашокот е хербален лек кој содржи β – Д – Глукани, концентрат од колострум, сите неопходни витамини, во соодветна концентрација за децата, инулин, витамин Ц, добиен од ацерола сок, цинков комплекс, млечно киселински бактерии, во висока концентрација. Се користи за:
- стимулирање на пасивниот и активниот имунитет
- за регулирање на цревниот тракт
- за зголемување на апетитот кај децата
β – Д – Глуканите ги поттикнуваат одбрамбените клетки во организмот и со тоа го активираат имунолошкиот систем (одговорни за поддршка на активниот имунитет). Дејството на колострум се однесува на активирање на имуноглобулините, кои пасивно ја зголемуваат имунолошката одбрана на организмот. Цинковиот комплекс го стимулира јакнењето на имунолошкиот систем. Млечно – киселинските бактерии заедно со инулинот го активираат цревниот одбрамбен систем ( пре и пробиотско делување), со истовремено намалување на штетното дејство на антибиотиците на клетките од цревата, додека витамините Б1,Б6 и Б12, фолната киселина, како и витаминот Ц се од голема важност за функционирањето на имуниот систем, во целина. Ацеролата е најбогатиот природен извор на витамин Ц. Витаминот Ц или т.н заштитен витамин влијае на зголемување на имунитетот, детоксификација на организмот, ја подобрува апсорпцијата на железо и ги одржува здрави кожата, забите и коските
Единствено KinderImmun Dr. Wolz прашокот е клинички докажан и кај деца кои не конзумираат млеко и млечни производи. Современиот фармацевтско-технолочки процес на производство ја потврдува хипоалергеноста на KinderImmun Dr. Wolz прашокот (не содржи глутен, казеин, лактоза, вештачи бои и конзерванси).
Секојдневната употреба на KinderImmun Dr. Wolz прашокот ќе го заштити вашето дете во текот на целата година, а особено во периодот на настинки, грип, вирусни и бактериски инфекции.
Здравиот имун систем е клуч за добро здравје на организмот!!!
Минов Михаил, Фарм. Спец.
Комерцијален текст