Почетна » Новости » Промо » Ергономските носилки на Oxymammy

Ергономските носилки на Oxymammy

Светски познатите ергономски носилки на двата амерички брендови Ergobaby и Baby Tula се достапни и за родителите во нашата земја. Ергономските носилки со различни дезени за сечиј вкус и стил можете да ги погледнете на www.oxymammy.mk.

Oxymammy покрај ергономските носилки се препознатливи и по своето движење за придобивките од носење под слоганот #ЗоштоНосење

Најголем дел од истражувањата посветени за придобивките од допирот или ‘skin-to-skin’ контакт се однесуваат на предвремено родени новороденчиња чија телесна тежина е < 2 kg. Светската Здравствена Организација (СЗО) препорачува употреба на марами со цел воспоставување на контакт помеѓу предвремено родените мали бебиња и родителите, ефект кој е познат под теминот kangaroo care. Водејќи се од позитивните придобивките на kangaroo care, бројни истражувања се посветени на придобивките од носење и на навремено родени и здрави новороденчиња. Издвојуваме неколку од нив.

Емоционални придобивки

Носилката му дава сигурност на новороденчето како во утробата на мајката.

Првите неколку месеци по раѓањето ги нарекуваме "четврто тромесечје" во кое на нашите малечки сме им потребни повеќе од кога било за да им го олесниме нивниот премин во новиот и голем свет. Стресни околности и пролонгирано лачење на кортизол и адреналин можат штетно да влијаат врз развој на мозокот, а спротивно на тоа продолжениот близок контакт со мајката смирува и помага детето полесно да се прилагоди на новата средина. Доколку родителот и детето по раѓањето биле одделени одреден временски период поради медицински причини, инкубација или породување со царски рез, начинот на поврзување преку продолжен близок контакт/skin-to-skin е од голема значајност.

Блискиот контакт преку носењето исто така позитивно влијае врз емотивната поврзаност кај посвоените деца како и за поврзување со другите личности коишто учествуваат во грижата за детето, што ќе им овозможи поврзување со детето на нов начин и создавање на посилни врски помеѓу вашето дете и луѓето коишто го сакаат.

Физички придобивки

Познато е дека блискиот контакт го подобрува растот и помага во зголемување на телесната тежина кај предвремено родените бебиња и кај новороденчиња. Нивото на кортизол се одржува на ниско ниво кога бебињата се блиску во допир со мајката, што овозможува заштеда на енергија што може да се искористи за раст и развој.

‘Skin-to-skin’ блискиот контакт игра важна улога во воспоставувањето на рано доење, а бебињата кои имаат ран близок контакт по раѓањето дојат подолго од оние кои немале ран близок контакт со мајката. Блискиот контакт во првите часови и денови по раѓањето резултира со поголема стимулација за лачење на млеко кај мајката. Носењето овозможува близок контакт кој стимулира лачење на хормон окситоцин кој е одговорен за стимулација на млеко кај доилки.

Се верува дека честиот близок контакт со кожа им помага на бебињата да регулираат деноноќните ритми и да разликуваат ноќно и дневно спиење. Сите знаеме дека бебињата спијат добро кога ги носат во раце; уште повеќе кога станува збор за движење и бучава. Нивните срцеви отчукувања се забавуваат, а дишењето се стабилизира.

мајкиПоврзување во првите денови со новороденчето (@mymacedonianhouse)

Физичка активност на родителите

Дополнителна придобивка за новите мајки е тоа што со носилките на Oxymammy можете да останете во супер форма и по породувањето. Физичката активност по породување помага телото и органите да се вратат побрзо во својата првобитна состојба.

Останете активни и продолжете го вашиот животен стил во здрав дух и тело. Вежбајте со вашите најмили и следете го примерот на супер активните мајки Елена fitlife и Елена Бубало

мајки@elena_gorgievska_fitlife мајки@elenabubalo

*Вежбањето со носилки се препорачува само доколку носилките се ергономски и овозможуваат правилна “М” положба на нoзете на бебето со која не се нарушува правилниот развој на колковите.

Пред нас се сончеви денови идеални за прошетки. Искористете ги во прегратките на најмилите.

мајки@boorche

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19704 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.