Почетна » Новости » Промо » Генерацијата Z стапува на сцена #WhatWeDoNext платформа за позитивни промени преку моќта на технологијата

Генерацијата Z стапува на сцена #WhatWeDoNext платформа за позитивни промени преку моќта на технологијата

Опкружени со технологија откако знаат за себе, Генерацијата Z (зет), речиси и не се сеќава на времето пред Google, тие размислуваат во 4D, носат часовници чија основна функција не е да покажува точно време и никогаш немале потреба да држат хартиена мапа.

Речиси секогаш се онлајн и се првата генерација за која реалниот живот и дигиталниот свет се подеднакво важни. 60% од нив не користат апликации и не отвораат веб-страници кои се бавни. Лесно се прилагодуваат на промени, сакаат брза реакција и мобилност за да не го трошат залудно своето време. Генерација Z бара повеќе од претходните генерации. Зависни се од социјални медиуми, 2/3 купуваат производи и услуги преку социјални медиуми, 44% од купуваат нов мобилен на секои 2 години. Најкористени апликации им се Youtube (56%), WhatsАpp (47%), Facebook (38%), Instagram (30%), Twitter (22%), Snapchat (20%) и Google Apps (19%).

Били Ајлиш

Знаат да ја искористат достапноста на информации која ја нуди дигиталната ера. Комуникативни се, користат социјални медиуми како заедничка форма на изразување и се многу поамбициозни од претходните генерации. Трпението не им е јака страна. Претпочитаат визуелизации наместо текст, комуницираат преку emojis и постојано се под стрес дека ќе пропуштат нешто.

Но, она што е најкарактреистично за оваа генерација не е дека живеат онлајн, туку дека ја користат технологијата да направат промена преку дигиталната технологија. За нив најважно од сè е да останат поврзани со онлајн заедници, не трпат неправда и веќе прават големи работи не само за својата генерација, туку за општеството во целина.

Токму овој нивни силен порив, и пред сè дигитален оптимизам, го препозна Дојче Телеком, и за да ги поддржи и да им даде глас, ја создаде платформата #WhatWeDoNext, која ги поттикнува младите да ја користат моќта на технологијата за да направат вистинска разлика.

Овој хаштаг во периодот што следи ќе биде местото за вистински инспиративни приказни на Генерацијата Z, каде што ќе можат да се споделуваат идеи и искуства за доброто на сите.

Која е твојата идеја?

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.