Почетна » Новости » Промо » Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година!

Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година!

Моделите motorola razr 40 ultra и motorola edge 40 neo ќе бидат достапни во супер-актуелната боја на годината PANTONE 13-1023 Peach Fuzz. Со ова се обележува вторaта година на партнерство помеѓу Motorola и Pantone и овозможувањето на корисниците да бидат секогаш актуелни со својот избор на боја за смартфон. Pantone бојата на 2024 година, PANTONE 13-1023 Peach Fuzz, ја зајакнува важноста на самоизразувањето преку уредите кои ги користиме.

Motorola

Pantone бојата на годината претставена од Pantone Colour Institute, е едукативна програма која ја рефлектира симболиката на природата на боите. Оваа година се бележи 25 годишнина од програмата Pantone боја на годината, со избраната боја PANTONE 13-1023 Peach Fuzz. Кадифена нежна праска нијанса, PANTONE 13-1023 Peach Fuzz има пријатна и нежна суштина што прикажува чувство на заедништво, заедница и соработка.

За заедничката продолжена соработка, Рубен Кастано, раководителот на секторот за потрошувачко искуство и дизајн во Motorola, изјави “Како што технологијата станува испреплетена со човештвото, ние веруваме дека бојата може да биде алатка за изразување и подлабоки, позначајни искуства со нашите уреди. Ова вклучува надминување на уредите и во самиот софтвер. Бојата на годината на Pantone 2024 го прави токму тоа бидејќи го спојува виртуелниот свет во кој живееме и нашата желба да воспоставиме подлабоки врски и благосостојба.“

Изборот на PANTONE 13-1023 Peach Fuzz ја надополнува мисијата на Motorola да ја направи технологијата попристапна и да им помогне на потрошувачите да ја користат технологијата за поврзување. При изборот на уреди со PANTONE 13-1023 Peach Fuzz, Motorola размислуваше за пораката на бојата и нејзиниот акцент на моќта на човечкото поврзување, откривајќи дека motorola razr 40 ultra и motorola edge 40 neo го овозможуваат тоа.

Глобално достапниот, Motorola razr 40 ultra е направен за поврзување и соработка и овоможува индивидуално истакнување од толпата, со својот иконски, преклоплив дизајн.

Motorola edge 40 neo е уред кој ја става бојата во центарот на дизајнот. PANTONE 13-1023 Peach Fuzz нијансата, во веганската кожа одлично го комплетира уредот со топол контрасен дизајн, привлекувајќи ги сетилата и разгорувајќи ја имагинацијата.

Двата уреди се дизајнирани со идејата за поврзаноста како суштина и нудат карактеристики развиени за да ја подобрат нашата заедничка човечност. Тие ги вклучуваат најновите софтверски понуди на Motorola, Moto Unplugged и Family Space. И двете од овие апликации го прифаќаат балансот помеѓу поврзаноста и одморот, безбедноста и смелоста. Moto Unplugged се фокусира на важноста да правиме паузи од нашиот уред за да бидеме поприсутни со себе и со оние околу нас, додека Family Space ги охрабрува семејствата да ја истражуваат технологијата.

„Беше прекрасно да се работи со Motorola и да се види нивната посветеност да овозможуваат креативност, поврзување и персонализација преку бојата на нивните уреди, а овогодинешната боја има особено значење за искористување на врската, заедницата и личната благосостојба “, соопшти Лори Пресман, потпретседател на Pantone Colour Institute. „Нашата Pantone боја на годината за 2024 година, PANTONE 13-1023 Peach Fuzz, беспрекорно го спојува виртуелниот и реалниот живот, што ја прави идеална боја за физичкиот изглед на дигиталните уреди. Возбудени сме што гледаме како нашата публика ги користи карактеристиките што ги нуди Motorola за да овозможи и олесни понатамошни врски”.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.