Водечкиот синџир на кинa во Југоисточна Европа инвестира 5 милиони евра во својата најнова локација во трговскиот центар Ист Гејт Мол.
Кино групацијата CINEPLEXX ја започна изградбата на својата втора локација во Скопје. Церемонијата се одржа во четвртокот, на 15 јули, во новиот трговски центар „Скопје Ист Гејт“ каде што членот на Управниот Одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата CINEPLEXX, господинот Лукас Лангхамер и извршниот директор на Скопје Ист Гејт, господинот Игор Давков го потпишаа договорот за соработка.
CINEPLEXX започнува со градежните активности за мултиплекс кино, со површина од приближно 3.000м2 и повеќе од 1.000 места во осум сали, каде што посетителите ќе имаат можност да ја доживеат филмската магија преку најсовремената кино технологија, прикажувајќи домашни и меѓународни филмови, додека љубителите на филмот ќе уживаат во добро познатите високи стандарди за услуги на CINEPLEXX. „Како лидер за иновации, ние сме посветени на нашите посетители да им го понудиме најдоброто кино искуство и сме многу горди што наскоро истото ќе биде достапно и на нашата втора локација, која дополнително ќе го збогати културниот живиот во Скопје.“ - изјави Господин Лукас Лангхамер, членот на Управниот Одбор задолжен за развој на деловни активности на групацијата CINEPLEXX.
„Многу сме среќни што единствениот кино простор го отстапивме на реномираниот лидер на пазарот во Југоисточна Европа, CINEPLEXX, обезбедувајќи најсовремено уникатно кино искуство за нашите посетители. Киното ги збогатува забавните содржини во трговскиот центар Ист Гејт Мол и уште повеќе ќе придонесе за збогатување на културниот живот во Скопје, особено имајќи предвид дека ова е првото кино што се отвора во овој дел од градот“ – изјави господин Игор Давков, извршен директор на Скопје Ист Гејт.
Првото кино CINEPLEXX во Скопје, кое беше отворено во 2012 година, беше реазлизирано во соработка со групацијата БАЛФИН. „Особено го цениме нашето успешно партнерство со групацијата БАЛФИН, со која веќе соработуваме повеќе од 10 години. Ние ги пречекуваме љубителите на филмот во Скопје од 2012-та година и посебно во вакви периоди, кога нашиот социјален живот е ограничен, гледаме колку е важно одењето во кино - тоа е начин да се помине квалитетно време со пријателите и семејството, време за инспирација, образование и забава. Горди сме што имаме толку софистицирани партнери за да им овозможиме на жителите на Скопје второ кино за комплетно доживување на филмската магија преку големото платно.“ - дополни г. Лукас Лангхамер.
Киното се очекува да биде отворено во четвртиот квартал од оваа година.
Нова димензија на удобност за Скопје
Покрај најсовремената кинотехнологија, CINEPLEXX најавува и нова димензија на удобно седење преку нова ексклузивна ВИП сала со луксузни кожни седишта за извонреден комфорт и приватност. Господинот Михаел Ретенбахер, раководител на техничкото одделение во CINEPLEXX изјави: „Нашите австриски стандарди за прикажување на проекциите, амбиент и удобност се веќе добро познати во Скопје и сметаме дека е наша обврска секогаш да обезбедуваме дополнителни иновации и високи услуги. Посетителите на нашето ново кино во Скопје можат да го очекуваат најдоброто кино искуство.”
Повеќе детали за проектот ќе бидат објавени во подоцнежната фаза од напредокот во градежништвото.
Комерцијален текст