Почетна » Новости » Промо » AVON го лансира новиот мирис Her Story како признание за секоја жена

AVON го лансира новиот мирис Her Story како признание за секоја жена

ТАА е секогаш во центарот на нашето внимание, нејзината приказна инспирира!

На самиот праг од 2020-та година AVON и официјално стана дел од семејството на Natura & Co., креирајќи ја четвртата по големина козметичка групација во светот. Со лансирањето на мирисот Her Story отвора ново, силно поглавје во својата историја на постоење и борба за добросостојбата на жените

Приказната на компанијата AVON која брои веќе 134 години, оваа година се проширува и надградува со трансакцијата која на 3-ти јануари годинава го означи создавањето на четвртата по големина козметичка куќа во светски рамки. Имено, компанијата AVON стана дел од семејството на холдингот Natura & Co, составен од уште 3 други брендови познати во светски рамки: бразилската компанија Natura, англиската The Body Shop и австралиската Aesop, што претставува голем исчекор во градењето на групација која ќе функционира со повисока цел и со поинаков начин на делување. Официјално, акциите на Natura &Co започнаа да се тргуваат на берзата во Њујорк (NYSE) на 6-ти јануари оваа година.

Her Story Her Story

Комбинацијата на Avon, Natura, The Body Shop и Aesop значително го засилува досегот на мулти-каналната и мулти-бренд групација која ќе биде неприкосновен лидер во светот на директна продажба, носејќи ја убавината до над 200 милиони корисници ширум светот во секое време, насекаде, секојдневно, преку повеќе канали, пристапни места и врвни брендови.

Natura &Co ќе има водечка позиција во продажбата заснована на меѓусебни релации, онлајн и офлајн, преку Avon и Natura, со над 6.3 милиони Претставници и Консултанти. Групацијата исто така, ќе има силна позиција во малопродажбата со над 3.000 продавници и проширено дигитално присуство кај сите свои брендови. Natura &Co ќе генерира годишен бруто приход од над 10 милијарди долари, вработува над 40,000 луѓе, изобилува со широко и комплементарно продуктно портфолио во клучните категории и има глобално присуство во преку 100 земји во светот.

„Како компанија која има повисока цел, Natura &Co и AVON како нејзин составен дел, ќе има уште посилен глас да ги застапува каузите кои целат кон финансиска независност на жените, борба со климатските промени, развој на козметика која не се тестира врз животни и воспоставување на силни врски со локалните заедници, и сé останато што е дел од сопствените уверувања и значи подобар начин на бизнис делување преку позитивно социјално, економско и влијание врз животната средина. Дополнително, како жена, горда сум што на челната позиција на AVON во моментот се наоѓа Анеџела Крету, првата жена која доаѓа од пазарот на Југоисточна Европа, што е исто така значајно за поголем развој на пазарите од овој регион, во кој спаѓаме и ние” - изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во AVON Македонија. И токму како симбол на новата приказна на AVON како дел од уште поголемо семејство на компании со своја лична култура, углед и делување, а и во годината кога AVON во Македонија слави свој сопствен јубилеј - 15 години постоење на пазарот, на пазарот се лансира уште еден нов впечатлив мирисен концепт, парфемот Her Story.

Her Story Her Story

Новиот концепт наречен Her Story преку својата мирисна композиција ја раскажува животната приказна на секоја жена.

Креиран од светски познати парфимеристи, Her Story со цветот ирис во својата срцевина што значи мудрост, храброст, вредности, доверба и моќ, но и наклоност, восхит и надеж, ја гради приказната на жената полна со самодоверба, подготвена да се бори за своите соништа.

Мастер-парфимеристката Онорин Бланк е жена која ги комбинира недвосмислената лична сила,со сензибилитетот на вистински уметнички дух. Таа не ги мириса нејзините мириси – таа ги чувствува. Таа, заедно со парфимеристот Адилсон Рато се креаторите на мирисот Her Story.

„Адилсон и јас бевме мотивирани да создадеме интензивен мирис со јасен печат, кој ќе побуди чувство на моќ и храброст кај жената што го носи. Се инспириравме од жените кои се издвојуваат од толпата, се охрабруваат да го искажат својот став и не се плашат да дозволат нивниот глас да се слушне. Ова е мирис за тие жени, но и за сите други жени кои тежнеат кон тие особини” - вели Бланк.

Her Story

„Со Онорин сакавме да создадеме мирис кој ќе изрази почит кон модерните хероини: жените полни со самодоверба и храброст која сите ја ценат! Јас особено им се восхитувам на женитекои имаат контрола врз сопстените животи и стојат цврсто на земја. За мене тие не се само хероини, јас сакам да ги викам SHERO (ТАА-ХЕРОЈ)!“ – вели парфимеристот Рато.

Во основата на мирисот, пачулито ги открива елегантните и моќни дрвенести тонови, нагласувајќи го карактерот на жената која ја испишува својата сопствена приказна. Во срцето на мирисот пак,отмениот ирис остава впечатлива трага и го завзема централното место на оваа креација со екстремна софистицираност. На крајот, во горните ноти се наоѓа розовиот бибер кој ја претставува женската енергија и подготвеност за борба за остварување на сопствените соништа.

Овој инспиративен мирисен концепт доаѓа во минималистичко, модерно пакување кое е ворелација со приказните на жените – тие се несовршени, но секоја од ние е навистина посебна.

Црвеното цевче кое го преселува мирисот од шишенцето до површината на кожата е симбол на животната нишка – инспириран од приказните од минатото, сегашноста и иднината!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.