По три децении успешно постоење на музичката сцена, рок бендот R.E.M. одлучи да им каже збогум на своите обожаватели.
Групата објави соопштение на нивниот сајт со кое им се заблагодарува на верните фанови и ја искажува својата гордост и исполнетост од постигнатиот успех.
Пејачот на групата, Мајкл Стајп, го искажа својот став за разделбата со зборовите: „Еден мудар човек еднаш рече: способноста за присуство на забава е да знаеш кога е време да си заминеш. Заедно изградивме нешто неверојатно. Го направивме. И сега ќе заминеме од него. Се надевам дека нашите фанови ќе разберат дека ова не беше лесна одлука, но на сите нешта им доаѓа крај. Сакавме да го направиме ова како што треба, сакавме да го направиме по наше“.
R.E.M. се формира во Џорџија, САД во 1980 година и набрзо стана една од најпопуларните музички групи во рок жанрот. Седмиот студиски албум на групата, „Out of Time“, освои три Греми награди, од кои две за мегапопуларниот сингл „Losing My Religion“. Незаборавни се и нивните хитови „The One I Love“ и „Everybody Hurts“.
Да се потсетиме на моќта и талентот на R.E.M.: