Кети Пери ја ангажираше актерката Зои Дешанел за снимањето на новиот спот откако двете ѕвезди со години беа споредувани поради сличноста во изгледот.
Во спотот за „Not the End of the World“ вонземјани по грешка ја киднапираат Зои наместо Кети, сакајќи да ја спасат пред да биде уништена планетата Земја. Песната е третиот сингл од шестиот студиски албум на Пери, насловен „Smile“.