Комерцијален текст
Од пред неколку дена, нашиот град може да се пофали дека го доби својот прв дизајн-хотел, хотел којшто, според зборовите на неговите сопственици, на своите гости ќе им понуди уникатно искуство.
Хотелот има 40 соби од висока категорија, 2 претседателски апартмана, спа-центар, најсовремена фитнес-сала и две конференциски сали за 10 и 50 луѓе. Освен тоа, гостите ќе можат да уживаат во чистиот воздух, тивката околина и во прекрасната панорама на градот и падините на Водно.