Почетна » Новости » Музика » За душа: „Море сокол пие“ во изведба на Италијанка и интернационален оркестар

За душа: „Море сокол пие“ во изведба на Италијанка и интернационален оркестар

Британската композиторка Џослин Пук неодамна ни порача: „Вашето музичко наследство е веројатно најголемото неоткриено богатство во Европа“. И сите едногласно ќе се согласиме со неа. Но, секогаш пријатно нè изненадува кога странец ќе се заљуби во нашата музика и ќе се вложи да ја интерпретира.

Најновиот спот на Barcelona Gipsy balKan Orchestra (BGKO) ни подари уште една причина да се гордееме со традиционалната македонска музика. Интернационалниот оркестар, стациониран во Барселона, ја изведе „Море сокол пие“ и веднаш привлече заслужени комплименти од цел Балкан.

Италијанката Маргерита Абита со душа ја отпеа популарната песна во придружба на музичари од различни држави. „Инспирирани од природата и енергијата на уникатен концерт, BGKO обединија три земји во моќна интерпретација. Двете страни на Скадарското Езеро низ очите на македонскиот сокол“ – пишуваат од бендот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.