Џенифер Лопез е неодолива за мажите во спотот за песната „Papi“. 42-годишната пејачка предизвикува хаос во 5-минутното видео, бидејќи секој маж што ќе ја погледне се заљубува во неа.
На почетокот на видеото Џеј Ло каснува поголем залак од љубовно колаче за нејзиниот сакан побрзо да се врати од војска. Но, наредното утро таа несвесно ќе го маѓепсува секој маж што ќе ја погледне и малку по малку ќе се создаде цела армија мажи кои агресивно ќе се обидуваат да стигнат до неа.
Спотот е режиран од Пол Хантер, кој соработувал со Лопез и за музичките видеа на „If You Had My Love“, „Feelin' So Good“ и „Love Don't Cost a Thing“.
„Papi“ е третиот сингл од последниот албум на Џенифер, „Love?“.