Шпанската група Barcelona Gipsy Klezmer Orchestra ја изведе најпозната македонска народна песна „Македонско девојче“ среде Минхен и ја одушеви публиката.
Видеото е направено за време на германската турнеја на бендот за промоција на нивниот нов албум „Аvo Kanto“, каде BGKO изведуваа традиционална музика од Балканот.
Бендот го сочинуваат Робиндро Николиќ од Шпанија, Матиа Широса од Италија, Иван Ковачевиќ од Србија, Џулиен Чанал од Франција, Стелиос Тогиас од Грција и Сандра Санаџио од Шпанија, а е основан во 2012 година.