Ријана, Кание Вест и Пол Макартни снимија едноставен спот за „FourFiveSeconds“. Во црно-белото видео, славното трио танцува пред камерата, облечено во кежуал фармерска облека.
Режисерската палка им беше дадена на модните фотографи Инез ван Ламсверде и Винуд Матадин.
„FourFiveSeconds“ е првата објавена песна од претстојниот осми студиски албум на Ријана, „R8“.