Хозиер се бори против семејното насилство. Познатиот Ирец сними видеозапис за својата најнова песна „Cherry Wine“, во кој главна тема е еден од најделикатните светски проблеми.
25-годишниот пејач ќе ги донира сите приходи од песната за добротворни организации за помагање на жртвите на семејно насилство.
Во видеото е прикажана навидум среќна врска исполнета со страст. Потоа, девојката се упатува кон спалната соба и започнува да ја отстранува шминката откривајќи ги модринките на своето лице.
Актерите Серше Ронан и Мо Данфорд се ѕвезди во спотот, кој опишува колку тешко им е на жртвите да се соочат со насилникот.
„Семејното насилство е постојан проблем во нашето општество, чија статистика е шокантна и чии ефекти им штетат на цели семејства, заедници и генерации“ – вели Хозиер, кој води кампања за помагање на жртвите, #FaceUpToDomesticViolence.