Лејди Гага и Бруно Марс ги здружија своите музички способности и снимија заеднички дует.
38-годишните пејачи ја објавија песната „Die With A Smile“, заедно со видеозапис.
„Јас и Бруно имаме голема заемна почит еден кон друг и разговаравме за соработка. Една вечер, тој ме замоли да одам во неговото студио за да слушнам на што работи. Беше околу полноќ кога стигнав таму и бев одушевена кога слушнав што започнал да прави. Останавме цела ноќ за да завршиме со пишувањето и снимањето на песната. Бруно има таков талент кој не може да се опише со зборови. Не постои друг како него“ – изјавила Гага.
„Ми беше чест да работам со Гага. Таа е икона и ја прави оваа песна магична. Многу сум возбуден што сите ќе го слушнат тоа“ – рекол Бруно.