Џенифер Лопез го објави спотот за својата прва песна од новиот албум на шпански јазик. 47-годишната пејачка лудо се забавува во видеозаписот за хитот „Ni Tú Ni Yo“, кој го сними во соработка со групата Gente de Zona.
Атрактивната музичка ѕвезда заведува во повеќе колоритни стајлинзи кои ги истакнуваат нејзините препознатливи облини.
Видеото е режирано од Емил Нава.