Забавата никогаш не престанува за Енрике. Со цел да одговара на веселата мелодија, новиот спот е исполнет со енергични моменти од неговите настапи, но и од забавите и авантурите зад сцената.
Видеото е режирано од самиот Енрике, а во него се појавуваат Питбул, Ева Лонгорија, Хуанес, Никол Шерцингер и Серена Вилијамс.
„I Like How It Feels“ е вклучена во реизданието на последниот студиски албум на Енрике, „Euphoria“.