Нова верзија на хитот „Somebody That I Used to Know“ започна да освојува на YouTube. Канадската група Walk Off The Earth и Сара Блеквуд на креативен начин ја изведоа популарната песна со „методот“ пет музичари на една гитара.
„Знам од кого треба да побараме помош за снимањето на акустичната верзија на Somebody: Walk Off The Earth“ – напиша Готје на Twitter.
„Ова е навистина неверојатно. Еве ова е тимска работа“ – додала Кимбра.
„Сакавме да снимиме видео со сите, но имавме само една гитара кај мене дома“ – објасниле од групата Walk Off The Earth за инспирацијата за спотот.
Видеото за неполни три дена има 2,6 милиони прегледувања и навистина вреди да се погледне.
Оригиналната верзија има неверојатни 34 милиони прегледувања: