Селена Гомез и Бени Бланко го создадоа своето прво заедничко авторско дело.
Славната пејачка и нејзиниот вереник на објавија песната „Scared Of Loving You“, чиј текст го напишаа заедно.
Видеозаписот се состои од нежни моменти помеѓу Селена и Бени.
Баладата „Scared Of Loving You“ ќе биде дел од претстојниот албум на Гомез и Бланко насловен „I Said I Love You First“.
„Албумот ја слави љубовната приказна на парот - пред да се запознаат, како се вљубија и како со нетрпение очекуваат да видат што им носи иднината“– изјавил претставник на парот.
Селена и Бени започнаа да се состануваат во декември 2023 година, а се верија една година подоцна.


