Ris Flower ја започна интернационалната кариера со „Translucent“ и „Set Me Free”, а сега им носи на фановите ново музичко изненадување со наслов „All I Wanna Know“.
Новиот сингл е дел од проектот „Ris Flower - Live Power Session”, кој e комплетно снимен во живо, во сега веќе легендарната Универзална сала.
Ris Flower со овој проект го прикажува и докажува она што отсекогаш била негова најголема „сила“, а тоа се секако настапите во живо.
„После првите два сингла снимени во студио и затворени поради коронавирусот, едноставно морав да застанам на бина со мојот бенд и макар и без публика да уживаме накратко, така и се роди идејата за овој проект кој во следниот период ќе го споделам со сите Вас. Им ветувам на моите фанови дека за брзо време повторно ќе бидеме заедно“ – порачува тој.