Модниот бренд Genny ја покани Џорџина Родригез најдобро да ја претстави актуелната колекција.
28-годишниот модел изгледаше елегантно и шик додека позираше во моделите за сезоната есен/зима 2022 од италијанскиот бренд.
Од гламурозен фустан, до впечатливо палто... стајлинзите биле избрани за да го доловат стилот и карактерот на Џорџина.
Џорџина носеше модна комбинација од Genny за пристигнувањето во Венеција за Филмскиот фестивал.
„Кога ја запознав Џорџина во Венеција, веднаш се поврзавме. Имаме исти вредности и уживаме да бидеме заедно кога имаме можност. Ја сакам затоа што е вистинска. Таа е вистинска во нејзината женственост, нејзините вредности и визија. Зрачи со самодоверба, претставувајќи ги сите жени кои го сакаат животот и стилот“ – изјавила креативната директорка на брендот.