Модерните дами молскавично се вљубуваат во балсамите за усни на Rosal. Нудејќи совршена нега за деликатната кожа на усните и перфектни нијанси за привлечен изглед, балсамите на Rosal неодложно стануваат задолжителен дел од женските чантички.
Пигментираните балсами го подаруваат оној посакуван ефект на обоеност како со кармин, додека истовремено ги штитат и негуваат усните.
Четири нијанси ги хипнотизираат погледите на урбаните припаднички на понежниот пол кои се желни за софистицирана колоритност на усните:
- Morning Rose – за свежина и акцент на природната убавина.
- Coral Candy – за живост и ведрина на лицето.
- Violet Touch – за гламурозен и интригирачки изглед.
- Flash Nude – за бисерен финиш кој фасцинира.
Зошто Rosal Lip Balm се перфектни за привлечни усни?
Благодарение на природните состојки како витамин А и Е и маслата од семки од кајсија и грозје, кои ги регенерираат оштетените клетки и ја подобруваат еластичноста на кожата, но и популарниот шиа путер, кој ја задржува природната влажност, ќе заборавите еднаш засекогаш на сувите и испукани усни. Особено позитивна страна е што не содржат парабени, конзерванси и минерални масла.
Сите производи Rosal Lip Balm нудат UVA и UVB заштита, се дерматолошки проверени и НЕ се тестирани на животни.
И секако, најинтересното е што покрај примарната функција за нега и заштита на усните, балсамите имаат и декоративен елемент – долготрајна и постојана боја.
Шармантните ароми и уникатната формула несомнено ќе резултираат со свиленкасто мазни и меки усни кои зрачат со магнетска привлечност.