Војвотката Кетрин го посети Империјалниот воен музеј во Лондон по повод отворањето на две нови галерии.
Шармантната припадничка на британското кралско семејство се сретна со лица инволвирани во проектот, во чиј фокус се Втората светска војна и холокаустот.
39-годишната Војвотка оствари средба и со Ивон Бернстејн и Стивен Френк, кои го преживеаја холокаустот, а кои таа ги фотографираше со нивните внуки за изложба.
Што се однесува до модниот избор, Кетрин се насочи кон шик комбинација со милитаристички шмек. Блузата со копчиња и детали кои асоцираат на униформа е од Александар МекКвин додека палтото го потпишува Кетрин Вокер.