Меланија Трамп му е верна поддршка на Доналд во трката за новиот претседателски мандат.
50-годишната прва дама на САД присуствуваше на првата дебата за претседателските избори на Доналд и Џо Бајден.
На настанот кој се одржа во Кливленд, Охајо, шармантната дама носеше шик костум од Долче и Габана. Во својот стајлинг, таа додаде бела кошула и обувки од Маноло Бланик.