За време на официјалната турнеја низ Хрватска, Елизабета Ѓоргиевска го посети Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб.
Македонската прва дама изгледаше елегантно во виолетов фустан додека позираше со свои колеги, кои се професори на факултетот.
„Посетата на Хрватска ми е особено значајна затоа што, меѓу другото, по долга пауза имав можност да се сретнам со моите драги колеги, професори на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб. Долги години соработуваме и како поединци и како институции, а плод на таа соработка се многубројни заеднички научни проекти, трудови, книги...“ – напиша сопругата на претседателот Пендаровски во описот на фотографиите.
49-годишната Прва дама и претседателот Пендаровски вчера пристигнаа во Загреб, каде се сретнаа со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и неговата сопруга Сања.