Долга редица модели парадираа на црниот тепих на забавата на козметичкиот гигант L'Oréal во Париз.
Ирина Шајк, Наоми Кембел, Дауцен Крус, Шерил Кол, Карли Клос, Наташа Поли, Барбара Палвин, Наташа Пелц, Елза Хоск и Сара Сампајо беа само дел од славната армија која ја разубави свеченоста „Gold Obsession“.
Како што може да се забележи од фотографиите, дрес кодот беше „црно и златно“. Единствено Наоми го прекрши со бел фустан во кој изгледаше извонредно.
Погледнете како изгледаа славните дами и оценете го нивниот стил: