Хали Бери е една од холивудските дами чиј изглед ни приближно не ги издава нејзините години. Харизматичната актерка денес ќе го прослави својот 51. роденден.
Патот до големата слава младоликата ѕвезда го започна со мали улоги во телевизиски серии. Првата поголема филмска улога таа ја доби во „Jungle Fever“ во 1991 година.
Славната актерка, која многумина ја знаат како „Жената мачка“, се закити со Оскар за најдобра актерка за филмот „Monster's Ball“ во 2002 година.
Црвениот тепих на холивудските свечености ја привлекува Хали да експериментира со својот стил.
Потсетете се на нејзините највпечатливи стилски моменти низ годините: