Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Џузепе Ѕаноти со „златна“ колекција обувки ја слави 20-годишнината

ФОТО: Џузепе Ѕаноти со „златна“ колекција обувки ја слави 20-годишнината

Џузепе Ѕаноти дваесет години успешно чекори во модниот свет, засилувајќи ја женската љубов кон впечатливи обувки. Дводецениското успешно работење на својата компанија познатиот дизајнер ќе го прослави со четири капсулни колекции кои ќе бидат објавувани постепено до почетокот на 2015 година.

Првата колекција „Jewel“ вклучува шест модели гламурозни златни сандали. Повеќето од нив во центарот имаат и блескави детали кои потсетуваат на накит.

Jewel Jewel Jewel Jewel Jewel Jewel

„Jewel“ ќе биде пуштена во продажба во јуни оваа година, а потоа ќе следат и колекциите „Rock ’n’ Roll“, „Black Stilettos“ и „Disco“.

Зборувајќи за досегашниот успех, талентираниот Италијанец изјавил: „Немам специфична формула за мојот успех, само сакам да креирам обувки кои ги прават жените сензуални и убави. Не следам конкретни модни трендови, едноставно ги сакам жените и обожавам кога тие ги носат моите обувки со креативност, бидејќи на крајот на краиштата тие се вистинските модни дизајнери.“

„Жената Џузепе Ѕаноти постојано еволуира, но секогаш е сензуална, моќна и со силен карактер. Жените се менуваат многу брзо и дизајнерите мораат константно да ги следат нивните потреби и желби. Многу ми се допаѓа кога ќе видам млада девојка и жена која е на возраст на нејзината мајка како носат исти обувки“ – дополнил тој.

Џузепе Ѕаноти

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.