Џорџо Армани ја претстави модната кампања за идната топла сезона. Бриџит Кос застана во фокусот, позирајќи пред објективот на модниот фотограф Солве Сундсбо.
Армани за претстојната пролет ги поставува на пиедестал црвената, сината и белата боја. Поигрувајќи си со „морнарското“ трио, 81-годишниот ветеран влеа ноншалантна грациозност во колекцијата која плени со класична елеганција.