Џиџи Хадид и Карли Клос влегоа во улога на мајки за новата кампања на Версаче. Славните модели со своите „семејства“ позираа пред објективот на модниот фотограф Брус Вебер.
На промотивните фотографии, Хадид и Клос носат креации од колекцијата есен/зима 2016 на италијанската модна куќа.
„Идејата на Донатела Версаче за кампањата, беше да ги стави мажите и жените за кои ја дизајнира облеката во еден свет во кој живееш, работиш и излегуваш со семејството. Смешно е што луѓето секогаш мислат дека модните фотографии се само за да се покаже облеката. Но, не се“ – изјавил Брус.