Џесика Алба пленеше со елегантен стил на принцеза на галата на Baby2Baby, организација чија цел е да им обезбеди на сиромашните семејства основни нешта, како производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.
На тиркизниот тепих во Калвер Сити, Калифорнија, Алба зачекори во обувки од Брајан Етвуд и златно-бел фустан од колекцијата пролет/лето 2014 на Ендрју Џен.
33-годишната актерка позираше пред фоторепортерите со својот сопруг Кеш Ворен.
Алба неколку години одржува блиска соработка со Baby2Baby. Нејзината компанија „Honest Company“ редовно донира дел од приходите за потпомагање на активностите на Baby2Baby. „Како мајка, не можам да си замислам колку им е тешко на родителите кои не можат да ги обезбедат основните нешта за своите бебиња. Ниту едно дете, независно од социјалниот и економскиот статус на неговото семејство, не треба да остане без пелени, храна, облека или производи за хигиена. Нашата цел е да им го олесниме товарот на овие семејства со тоа што ќе им го обезбедиме најпотребното“ – вели Алба.
Хуманитарниот настан беше посетен и од многу други ѕвезди.