Џенифер Лопез со текот на годините како да станува сè поубава и поубава. Прекрасните црти на лицето, беспрекорниот тен и популарните облини ѝ помогнаа на талентираната Џеј Ло да биде успешна пејачка и актерка и сè што ќе допре да претвори во злато.
Поради тоа, не е воопшто чудно што компанијата за накит TOUS ја избра токму неа за свое рекламно лице.
41-годишната ѕвезда е неодолива на фотографиите за најновата рекламна кампања на шпанскиот бренд. Облечена во женствени фустани и накитена со оригинален накит, таа позираше пред фотоапаратот на Елен фон Унверт за на крај да се добијат феноменалните фотографии.
Пред само еден месец Џенифер беше прогласена за ново рекламно лице на овој бренд кој постои веќе 90 години. „Уверени сме дека Џенифер Лопез ќе биде одличен претставник затоа што таа е автентична и бескрајно харизматична, одличен пример за нашиот бренд“ – изјавил претседателот на TOUS.
Џенифер доаѓа на местото на Кајли Миног, којашто претходно беше заштитно лице на TOUS.