Пред само неколку години креациите на Зухаир Мурад на црвениот тепих беа реткост. Но, годинава неговите стилски дела мамеа погледи на речиси секоја гламурозна холивудска свеченост.
Фузијата на сензуалност, елеганција и женственост која ги диктира креациите на популарниот либански дизајнер има освоено многу славни дами како Џенифер Лопез, Нина Добрев, Џена Деван-Тејтум и Криси Тиген, па тие редовно избираат аутфити од неговото ателје.
Во годината што изминува, многу славни личности блеснаа во фустани и комбинезони од Мурад.