Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Хајди Клум дизајнира нова колекција бижутерија

ФОТО: Хајди Клум дизајнира нова колекција бижутерија

Хајди Клум ќе лансира колекција бижутерија во соработка со компанијата QVC. Колекцијата наречена „Wildlife“ вклучува 25 парчиња кои ќе се продаваат по цена од 30 до 200 долари, а ќе бидат пуштени во продажба на 8 септември. Накитот е изработен од убави камења и метал.

Бижутерија од колекцијата Wildlife Бижутерија од колекцијата Wildlife

„Единствената причина да носите бижутерија е да носите нешто големо – нешто што не можете да го направите со вистинскиот накит затоа што ќе биде прескапо. Можам да стигнам до повеќе луѓе со бижутеријата, цените се неверојатни и можам да правам големи парчиња. Многу е позабавно“ – изјавила Клум.

Бижутерија од колекцијата Wildlife

Ова е втор обид на Клум да влезе во бизнисот со накит. Во 2006 година таа дизајнираше колекција накит од сребро. Тогаш Хајди заработи тужба од Van Cleef and Arpel, бидејќи нејзиниот накит премногу наликуваше на накитот од најпродавана колекција на компанијата, „Алхамбра“. Тогаш двете спротивставени страни се спогодија, но Клум мораше да прекине со продажбата во летото 2009г.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20789 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.