Осум дена во Големото јаболко се раскажуваа модните приказни на стотици брендови кои ги обелоденија своите колекции за сезона есен/зима 2016.
Моник Лулие, Каролина Ерера, Томи Хилфигер, Марк Џејкобс, Викторија Бекам и Ралф Лорен се дел од модните куќи кои ги презентираа креациите на кои работеа изминатиов период.
Студеното време не ги спречи модните ентузијастки да ги окупираат улиците кои беа претворени во писти за дотераните гостинки. Блогерката Камила Коељо беше буквално насекаде, но свој стилски отпечаток оставија и многу други модерни дами како Оливија Палермо, Кијара Ферањи, Кристина Базан и Хелена Бордон.
Погледнете како изгледаа гостинките на Њујоршката недела на модата.