Долче и Габана ѝ дадоа на Софија Лорен прекрасен роденденски подарок – кармин создаден специјално за неа. Италијанските дизајнери се инспирираа од легендарната актерка и го креираа карминот Sophia Loren N°1.
Фотографијата од кампањата беше објавена денес, само еден ден откако Лорен го прослави својот 81. роденден.
„Sophia Loren N°1 е наш начин за да ѝ речеме: Благодариме, Софија! Благодариме за твојата убавина, благодариме за тоа што си миленичка на светот, благодариме што си икона на големиот екран и на италијанската убавина“ – изјавил Доменико Долче.
Погледнете и видео од снимањето на кампањата: