Карли Кушни и Мишел Окс испреплетија модерна романтика и смела сензуалност во својата нова колекција.
Дизајнерското дуо, кое го освојува модниот свет од 2008 година, за колекцијата ресорт 2016 се инспирираше од Бразил, од дождовните шуми и од колоритни отровни жаби.
Женствените креации нежно го прегрнуваат телото и најчесто се еднобојни, со исклучок на два модели кои привлекуваат со тропски „омбре“ ефект. Динамиката е постигната преку флуидни набори и асиметричност кај кроевите.