Гламурот на Калифорнија во 70-тите години е отсликан во новата колекција на Ели Сааб. Либанскиот дизајнер, кој има специјално место во сечие женско срце, го долови боемскиот дух на слободоумната деценија.
Макси фустани, деликатна тантела, хипнотизирачки принтови и дезени инспирирани од палми, елегантни вечерни фустани со блескави мониста, модерни комбинезони... Сааб очигледно наумил да исполни огромен број стилски желби.