Тејлор Мари Хил ја претстави новата колекција на Габриела Кадена.
19-годишниот ангел на Victoria’s Secret позираше во креации од колекцијата ресорт 2016, во која доминира модернистичка елеганција.
„Мојот бренд е супер еклектичен, па секогаш си поигруваме со два спротивни елементи и ги спојуваме заедно“ – вели Кадена, која има одлична соработка со многу славни лица како Ева Лонгорија, Адријана Лима и Блејк Лајвли.