Синди Крафорд е незапирлива заводничка и на чекор од 50-тата година од својот живот.
Чад Питман бил задолжен за фотографиите од едиторијалот „Still Super“.
„Каја расцутува во многу убава млада жена и навистина сакам да ѝ дозволам да блесне. Не сакам да ме чувствува за конкуренција, иако на шега ѝ велам, „Ја имаш мојата стара коса, врати ми ја назад“ или „Врати ми ги нозете назад“. Но, таа ќе биде во ред. Таа е многу позрела отколку што бев јас на нејзина возраст“ – изјавил популарниот супермодел.
„Денес, се очекува моделите да бидат многу слаби и затоа се грижам за неа, бидејќи тоа никогаш не беше мојот природен тип на тело и мислам дека нема да биде ни нејзин“ – рекла Крафорд и додала дека често ѝ вели на ќерка си да ужива во јаглехидратите додека може.
Погледнете и дел од интервјуто со славната манекенка:
Синди овој месец ќе ја пушти во продажба својата прва книга „Becoming“, во која ќе бидат прикажани 150 нејзини фотографии, како од професионалниот, така и од приватниот живот.