Модните куќи предлагаат стилски идеи неколку сезони однапред и не треба да нè зачудува што Pronovias веќе ја промовира колекцијата за 2016 година.
Префинетите креации на шпанскиот бренд се наменети за најспецијалните прилики. Сексапилните силуети кои го прегрнуваат женското тело, декорациите од тантела кои асоцираат на тетоважа и деликатните елементи изработени од минијатурни мониста имаат сила да зграбуваат погледи.
Со 50-годишно искуство и присуство во над 100 земји во светот, Pronovias е еден од најзначајните брендови кога станува збор за невестински фустани.