Роузи Хантингтон-Вајтли е провокативна заводничка за машкото списание „Lui“. 28-годишната Британка позираше како од мајка родена пред објективот на фотографското дуо Луиџи и Јанго за јунското издание на француското списание.
Во интервју за Huffington Post, привлечната манекенка и актерка неодамна изјавила дека се смета себеси за феминистка и верува во еднаквите права помеѓу мажите и жените. „Имав среќа во мојата кариера. Манекенството е на некој начин женски свет и јас се чувствувам среќна за тоа. Никогаш не почувствував премногу ограничувања во таа индустрија. Слободно би се нарекла себеси феминистка. Верувам во еднаквите права и во тоа жените да го прават она што сакаат да го прават“ – рекла таа.