Дозволете си да бидете освоени од високата мода на Зухаир Мурад. Со париска ревија, либанскиот дизајнер ја презентира колекцијата пролет/лето 2016.
Романтика, префинетост, гламур и елеганција зрачат од креациите од колекцијата „Amour En Cage“, која го доби името според растение со срцевиден облик и мрежеста надворешност. Во тој контекст, Мурад вели дека ги „заробил“ телата на манекенките во кафези кои се бакнати од сонцето.
Софистицираната бајка на Зухаир пленеше со пастелни бои, цветни апликации и метални колани кои ја истакнуваат женската силуета.
Изминатата година беше мошне успешна за вештиот дизајнер и на црвениот тепих континуирано гледавме негови дела. Недискутабилно е дека неговата кариера се движи по нагорна линија.