Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Пролетната колекција на Клаудија Шифер

ФОТО: Пролетната колекција на Клаудија Шифер

Клаудија Шифер не е почетник во светот на модата, но е нова пливачка во дизајнерските води. Познатиот супермодел минатата сезона ја претстави својата прва колекција, а неодамна во Париз ја презентираше својата колекција за сезоната пролет/лето 2012.

Ова можеби е последен пат Клаудија да ги презентира своите креации далеку од модните писти на свечените модни манифестации, бидејќи таа има во план од наредната година да застане рамо до рамо со големите дизајнери.

За својата нова колекција, Шифер црпела инспирација од стилот на актерката Џејн Биркин. „Таа отсекогаш ми била инспирација, на многу начини, за начинот на којшто се облекувам“ – изјавила Клаудија.

Колекцијата се состои од 8 креации и е шик и лежерна. „Сакам да им дадам на луѓето облека која е лесна за носење. Никој нема време да пробува стотици нешта наутро, како тинејџер“ – објаснила Шифер.

Колекцијата Клаудија Шифер Колекцијата Клаудија Шифер
Колекцијата Клаудија Шифер Колекцијата Клаудија Шифер
Колекцијата Клаудија Шифер Колекцијата Клаудија Шифер
Колекцијата Клаудија Шифер Колекцијата Клаудија Шифер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19443 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.