Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Клаудија Шифер е бремена по трет пат

Клаудија Шифер е бремена по трет пат

Клаудија Шифер

Германскиот супермодел Клаудија Шифер и филмскиот продуцент и режисер Метју Вон се на пат да станат родители по трет пат. Прекрасната 39-годишна убавица изјави дека е бремена во петти месец и дека во мај треба да се породи.

„Ние сме восхитени од веста и со нетрпение чекам да се прошири нашето семејство“ – изјави Клаудија, која е мајка на 5-годишната Клементајн и 7-годишниот Каспар.

Клаудија Шифер претходно има изјавено дека мајчинството ѝ го променило нејзиниот однос кон кариерата.

Порано работев секој ден и патував низ светот. Работев за викендите и не одмарав ниту за секунда. Кога го запознав мојот сопруг, си реков дека тоа е важно и дека нема да работам повеќе за викендите. А откако станав мајка, станав уште повнимателна.

Клаудија Шифер

Клаудија и Мајкл се во брак од мај 2002 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.